Во периодот од 23 – 29.04.2022 Креативниот центар Карпош во ООУ „Јан Амос Коменски“  ќе го организира  фестивалот за промоција на природните науки “It is COOL to be STEM 3 .  Фестивалот е дел од европската иницијатива за промоција СТЕМ образование  STEM Discovery week 2022., чие годинешно мото е „STEM for ALL“. Овогодинешниот фестивал е подржан од Halk Bank во рамки на нивната кампања „Важни се луѓето“

 

Во рамки на фестивалот се организира активности во три дена и тоа:

Ден 1: Escape room – во оваа активност учениците применувајќи го своето знаење ќе треба  да ги одгатнат тајните кодови за да можат да ги отклучат решенијата на загатките кои ќе им бидат зададени. Активноста е многу динамична и забавна  проткаена со енигматика и игра, така што учениците ќе уживаат во истата. Активноста ќе се реализирана во соработка со проф. д-р Марина Стојановска  проф. д-р Катерина Русевска од Природно – математичкиот факултет од Скопје.

Ден 2: Ed – Ted .Работа  на Nearpord  платформа  и употреба на виртуелни лаборатории  Активностите на Nearpord платформата се интересни и забавни во значителна мера ја зголемуваат мотивацијата и ангажираноста на часовите.

Ден 3: Презентација на резултати од проектот  „Бојата на светлината, растот на растенијата и microbit’ реализиран во рамките на „Предизвик за млади истражувачи 3“ -ФИТР

 

Одговорна за реализација Александра Блажевска наставник – ментор  по хемија  и природни во ООУ „ Јан Амос Коменски“, претседател на Креативен центар Карпош-КЦК и Scientix Амбасадор.

 

Scientix  е проект http://www.scientix.eu/about  раководен од European Schoolnet Academy http://www.europeanschoolnetacademy.eu/web/guest/about-us и финансиран од програмата хоризон 2020 на Европската комисија негова главна цел е промовирање на соработка помеѓу СТЕМ наставниците, истражувачите и проект менаџерите од областа на СТЕМ образование и креаторите на образовните политики  се со цел промовирање на изучувањето на   природните  како и   избор на професиите поврзани со истите.

 

STEM SDW22