Младите истражувачи ноќта на 03.10.2017 во дворот на ООУ „Христијан Тодорвски Карпош“ имаа заедничка дружба со ѕвездите учествувајќи во работилницата на Центарот за космологија. Со помош на г-дин Радан Митровиќ од Скопското астрономско друштво, и со неговиот телескоп и телескопот на КЦК, децата и останатите присутни имаа прилика да се запознаат поинтимно со вечерната активност која содржеше краток вовед во астронoмијата и шансата да ги набљудуваат Месечината и планетата Сатурн со телескоп. Еве како се одвиваше настанот: