КЦК жнее нови проекти!

Пред некој ден, Фондот за иновации и технолошки развој додели грантови на училишта наменети за истражувачки цели. Еден од добитниците беше и ООУ “Вера Циривири – Трена” во чии рамки се наоѓа и Центарот за храна како дел од Креативниот центар Карпош. Со овој грант пластеникот кој го направија креативците и во кој две години произведуваат зеленчук, ќе го претворат во модерен стакленик. Браво за учениците – креативци и нивната Дивна – наставничка.