SCIENTIX ги награди најуспешните проекти, а меѓу нив “It is COOL to be STEM” на ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ И КЦК

Викендов во Брисел од 22-24.06.2018, European School-net Academy во рамките на 23-та Science Future Classroom (работилница во училницата на иднината). Scientix (Европска заедница за унапредување на образованието по природните науки ) во соработка со STEM Alliance ги додели наградите за најуспешните проекти организирани за време на STEM Discovery Week 2018. На европско ниво во рамките на оваа кампања беа организирани 800 активности во 40-ина Европски држави.

Креативниот центар Карпош во соработка со ООУ„Јан Амос Коменски“ учествуваше во кампањата ЅTEM Discovery Week 2018 со фестивалот под мотото „It is COOl to be STEM“. За време на петдневниот фестивал, во април беа организирани 6 работилници во кои беа вклучени 150 ученика од III –IX одделение од десетте основни училишта од Карпош. Диригент на овој фестивал на креативноста и најголем „виновник“ за оваа награда беше наставничката Александра Блажевска која воедно е и Scientix Ambassador и претседател на Креативниот Центар Карпош. На огромно задоволство фестивалот „It is COOl to be STEM“ беше еден од наградените од страна на Scientix http://www.scientix.eu/spw23-at-fcl-after во конкуренција на 800 активности ширум Европа. Оваа награда е само уште една потврда дека во Карпош образованието е на исклучително високо ниво што го покажува фактот дека квалитетот на фестивалот беше препознаен и единствено награден од Македонија.