Центар за храна – берба 20.11

На 20 Ноември оваа година младите биолози, производители на храна во Центарот за храна кој се наоѓа во нашето училиште, ООУ „Вера Циривири – Трена“, во склоп на КЦК ги собраа плодовите од последната реколта од оваа година. Под будното око на наставничката Дивна и мала помош од Томе и Лазар, учениците вклучени во работата на Центарот за храна се насладуваа на вкусните, миризливи и штотуку набрани зелки, карфиол и тикви од градината, произведени без хемиски средства.

Покрај тоа произведени се и семиња од краставички, тиквици, како и зелка, брокула и карфиол кои кои ќе ги чуваме за наредната сезона на производство.

Набраните тикви ќе ги искористиме за лабораториски анализи и ќе изолираме ДНК во нашата биохемиска лабораторија. Во наредниот период ќе ја подготвуваме градината за престојната сезона.