КЦК чекори по зелените стапалчиња

Навиките се стекнуваат од мали нозе, велат старите. И добрите и лошите. Зелените стапалчиња се несомнено добра навика да се почитува и чува животната средина. „Размислувај локално – делувај глобално“, „Природата не сме ја наследиле од претходните генерации, туку ја позајмуваме од следните“,  се само дел од еколошките премиси кои Креативниот центар Карпош преку проектот „Зелени стапалчиња“ ги преточува во дела.  Заедно со ученици од уште 8 земји и вкупно преку 150.000 учесници, КЦК станал дел од глобалната мапа на организации кои функционираат по принципот „Од зборови, на дела“. Со нашите достигнувања се запозна и највисокиот форум за климатски проемни кој се одржа во Катовице на 7 декември. Вака се гради совест, вака се гради иднина, вака се чува здравје. Одиме понатаму.

 

http://www.zoom-kidsforclimate.eu/news.html