Центар за храна 2019

На 16.03.2019 Центарот за Храна во рамките на ООУ „Вера Циривири Трена“ започна со лабораториски активности на тема “Биохемискиот состав на храна”. При оваа работилница пријавените ученици беа воведени во основите на лабораториската работа (правилна работа и безбедност) и составот на храната и водата – јаглехидрати, минерални материи и витамини, како и некои потенцијално штетни соединенија кои можат да се најдат во истите. За секој од овие макро и микронутриенти младите истражувачи, надгледувани од страна на будното око на наставничката по биологија Дивна Карапанчева, успешно изведуваа биохемиски експерименти и покажаа голем интерес за следната работилница.