Јонски покер, хемиско домино…

Понекогаш знае некој да каже дека хемијата е тешка, па дури и досадна за учење. Ама не е баш така. Дали можете да замислите дека хемијата може да биде и основа за играње и забава. Е баш тоа се случи во Креативниот центар Карпош. Имено, во петокот на 19.04.2019 година во центарот за екологија при ООУ „Јан Амос Коменски“, 20 ученици од 9 одд. од десетте основни училишта во Карпош во рамки на фестивалот It is COOL to be STEM 2  учеа хемија на забаве начин. Јонски покер, хемиско домино, јонски партнер  се само дел од игрите кои денес се  организираа во  работилницата “Хемиски игри во училницата“ под менторство на проф. д-р Марина Стојановска од Институтот по хемија при ПМФ… Учење хемија низ игра е одличен начин да се привлече вниманието на учениците. Продолжуваме во вторник со решавање на „Проблемите во пекарницата“ следете не…