Хемијата и печурките

На 24.04.2019, 13 ученици од 8-мо и 9-то одд. од ООУ „Јан Амос Коменски“ во рамки на фестивалот „It is COOL to be STEM 2“ беа во посета на миколошката лабораторија и Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет. Го истражуваа светот на печурките. Преку низа експерименти докажуваа присуство на хемиски соединенија во печурките и ги набљудуваа под микроскоп, под менторство на проф. д-р Методија Најдоски и проф. д-р Катерина Русевска. Забавно и едукативно.

https://www.scienceinschool.org/content/natural-experiments-chemistry-mushrooms