Короната не е пречка КЦК да продолжи да функционира

Во услови кога пандемијата ги затвори училиштата и факултетите, а учениците и студентите се навикнаа на настава од дома, КЦК не седеше со скрстени раце. Напротив, на општина Карпош и понуди можност да создаде неколку стотини сетови за експериментирање во хемијата кои требаше да се достават до сите ученици од 8 и 9-то одделение од сите 10 училишта на територија на оваа општина, ама луѓето имале други приоритети. Замислете каква промена ќе беше тоа неколку стотини ученици покрај online наставата да работат нешто практично од дома. Ама неисе. Општината и така го заборави КЦК дека постои, па се нафати да прави центар за таленти со уште две општини за бајаги пари. Нека им служи на чест.

Во ноември се обидовме да организираме работилница на амфитеатарот на кејот на Вардар, но тогаш се заострија мерките за заштита од корона вирусот и од Комисијата за заразни болести не добивме дозвола за организација на оваа работилница.

Но и тоа не беше пречка за КЦК. Напротив. Со подршка на компанијата Intelligence Network Solutions – INS од Скопје, КЦК подготви програма за реализација на вируелни работилници како продолжение на 30-ината работилници кои ги организираше пред пандемијата. Набргу почнуваме со работа!