Ветено – сторено, прва виртуелна работилница на КЦК на тема хемија + физика = пиротехника

По недобивањето дозвола за организација на работилница во живо, во декември КЦК на 20 декември ја организираше истата во виртуелна форма  на тема ХЕМИЈА+ФИЗИКА = ПИРОТЕХНИКА. Проф. Мето Најдоски од Институтот за хемија при ПМФ во нему својствен стил ги „забавуваше“ 20-ината присутни креативци на Zoom сесијата.

Повеќе од два часа следбениците на овој виртуелен спектакл уживаа во магиите на пиротехниката со неопходните објаснувања на нашиот домаќин, професорот Мето. Нему му благодариме за ангажманот, на INS за финснсиската подршка и поздрав до општина Карпош.