ЕНЕРГИЈА – ШТО, ЗОШТО, КАКО, КОЛКУ, КАДЕ (ВИРТУЕЛНА РАБОТИЛНИЦА )

Драги ученици, драги наставници и љубители на науката,

Крајот на оваа учебна година која за жал помина во знакот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, Креативниот Центар Карпош реши да го одбележи со организација на виртуелна работилница насловена како ЕНЕРГИЈА – ШТО, ЗОШТО, КАКО, КОЛКУ, КАДЕ

Во отсуство на физички контакт и можност за повеќе практична работа во текот на годината, со оваа работилница сакаме да ја предизвикаме љубопитноста кај учениците која е основен предуслов за креативен ангажман.

Работилницата е замислена како едно кратко и интересно патување и ќе се одвива по следниот распоред:

  • 10.15 Отварање и краток муабет – модератор Акад. Зоран Т. Поповски
  • 10.20 Вовед во приказната за енергијата – Проф. Ефтим Пејовски
  • 10.30 Епизода за енергетска ефикасност – Јована Сибиновска
  • 10.40 Извори на енергија – демонстрација – Јована Сибиновска

Сабота 29.05.2021 год. 10.15 – 11.00 часот

Секој кој сака да е дел од ова кратко патување во светот на енергијата организирано од страна на КЦК може да се вклучи на следниот линк.

Meeting ID: 723 9952 3364
Passcode: 43ZdkX

Ве очекуваме!
КЦК тим