КЦК ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА МИСИЈА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА – ПРИКАЗНА ЗА ЕНЕРГИЈАТА

И оваа учебна година е на заминување, а е за заборавање. Немаше вистинска настава, немаше дружба и на сите им збоктиса од учење на далечина. Знаејќи дека и учениците и наставниците и родителите се веќе заситени од т.н. online настава, ни нам во КЦК не ни преостана ништо друго туку својата мисија за анимирање на младите за истражување да ја остварување на истиот начин, ама сепак различно.

Во што е различноста? Па во тоа што во денес (29.05) во еден час „спакувавме“ две интересни презентации, од кои едната за видовите на енергијата, за состојбите во енергетиката во Македонија и за идните предизвици во оваа област, а другата посветена на енергетската ефикасност. Двете презентации побудија голем интерес кај над 50-те учесници на работилницата, за што зборуваат бројните дискусии во текот на овие презентации. На крајот пред присутните беа презентирани три модели за различни извори на енергија (соларни ќелии, хидроцентрала и ветерница) со кои располага КЦК, а кои во иднина КЦК ќе се потруди да стигнат до сите училишта на територија на општина Карпош, се разбира ако општината се реши конечно повторно да го поддржува КЦК.

На крајот, КЦК изразува огромна благодарност до м-р Ефтим Пејовски и до Јована Сибиновска за нивните инспиративни презентации, но не помала благодарност и до учениците и дел од наставниците кои обезбедија масовно учество на оваа работилница и плодна дебата.

ПС: КЦК ја најави оваа работилница како последна во текот на оваа учебна година, но Проф. Дивна Карапанчева не покани идниот викенд да организираме слична работилница во стакленикот и пластеникот за производство на храна во ОУ В.Ц. – Трена чиј што основач е токму таа. Епа се гледаме следниот викенд за последен пат оваа учебна година во Трена.

 

КЦК ВИРТУЕЛНА РАБОТНИЦА

Енергетска ефикасност во домаќинства индустрија