ПРИКАЗНИ ЗА ХРАНАТА – Сабота 05.06.2021 год. 10.15 – 11.00 часот

Драги ученици, драги наставници и љубители на науката,

По големиот интерес за претходната работилница Енергија – што, зошто, како, колку, каде… која се одржа на 29.05 (сабота), а на иницијативна на Центарот за храна во ООУ „В.Ц. Трена“ како дел од КЦК, Креативниот Центар Карпош организира нова работилница насловена како ПРИКАЗНИ ЗА ХРАНАТА.

Се надеваме дека и со оваа виртуелна работилница на крајот на учебната 2020/21 година ќе ја предизвикаме љубопитноста кај учениците, но и креативноста кај наставниците и останатите присутни.

Работилницата освен за учениците и наставниците, ќе биде отворена и за други заинтересирани, а е замислена како збир од мали приказни за производството и квалитетот на храната.

Работилницата ќе се одвива по следниот распоред:

– 10.15 Отварање – модератор Александра Блажевска – претседател на КЦК
– 10.20 Храна – што, зошто и колку – Акад. Зоран Т. Поповски
– 10.30 Како да провериме што јадеме, што пиеме? Акад. Зоран Т. Поповски
– 10.40 Храна – како и каде – Наст. Дивна Карапанчева
– 10.50 Учениците произведуваат храна – демонстрација – Наст. Дивна Карапанчева

Сите учесници кои би сакале активно да се вклучат во работилницата, Ве поттикнуваме да бидете дел од нашите активности. За таа цел е потребно да ги имате следните материјали:

  • памук
  • пластична чинија
  • семиња од пченица или друго жито
  • чаша вода
  • едно пластично шише пресечено на половина
  • дупнато капаче со протната врвка
  • малку почва
  • три зрна грав или некое друго семе
  • едно пластично шише со исечен страничен дел
  • малку почва
  • семиња

Во текот на работилницата ќе се запознаеме со приказни за храната, ќе имаме можност за заеднички активности и ќе Ви посочиме инспирации за изработка на ваша сопствена градина ова лето. Ве очекуваме на следниот линк.

Meeting ID: 779 5708 9589
Passcode: dY7aap

Секој кој сака да е дел од оваа мала сторија за храната организирана од страна на КЦК може да се вклучи.

Ве очекуваме!

КЦК тим