Вовед

Создавањето филмови и снимањето видео спотови и аудио записи, како и собирањето на информации и нивното емитување во етерот се работи кои се тешко достапни за младите, иако голем процент од нив имаат афинитет за ваков тип на креативен ангажман. Овој центар ќе ја има токму таа цел, на младите да им создаде технички услови комбинирани со искуство на докажани творци во оваа област да влезат во светот на сликите што се движат и јавните комуникации. Тој би се состоел од два дела и тоа филмско студио и ученичко радио, а е лоциран во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле.

Мисија

Аудиовизуелниот центар ќе ги привлече сите оние ученици кои мечтаеле да се занимаваат со филмска уметност и со новинарство. Тоа значи дека во овој центар ќе работат млади филмаџии и млади новинари. Младите филмаџии треба ди ги совладаат вештините кои подразбираат изготвување на видео записот независно дали станува збор за спот, документарен филм, анимиран филм или некој друг облик на филмска уметност. Тоа подразбира осмислување, подготовка на синопсис, избор на локација и евентуално актери, снимање, монтажа, постпродукција и т.н. Младите новинари во рамки на овој центар ќе треба да го оформат „Ученичкото радио Карпош“ кое ќе функциионира како интернет радио, а кое ќе се занимава со следење, пакување и презентација на настаните кои се случуваат во рамки на КЦК. Сите овие активности ќе се реализираат преку организација на работилници, теренски снимања, посети на филмски и аудио студија, теренски снимања и студиска работа. Младите новинари низ соодветна обука и пракса ќе треба да стекнат навики како да доаѓаат до информации, како да ги селектираат и како да ги пласираат во јавноста.

Просторни и технички претпоставки

Филмското студио и ученичкото радио се наоѓаат во подрумските простории на училиштето на површина од околу 50м2. Тие просторно ќе бидат поделени со паравани, а ќе располагаат со соодветна опрема како што се различни видови камери и видео рекордери, миксети, аудио опрема и т.н.

Стручен тим

– Проф. Елизабета Сакоман
– М-р Кузман Клековски
– Александар Масевски
– М-р Виолета Цветковска

ООУ “Владо Тасевски”