Вовед

Археологијата и палеонтологијата се домени во кои Република Македонија има свое богатство кое што дополнително треба да се истражува. Бројните археолошки локалитети и најдените артефакти, како и биолошкото наследство во форма на фосили се вистински магнет за љубопитноста на младите кои би сакале посериозно да се вклучат во нивно проучување. Центарот за културно наследство во ООУ „Војдан Чернодрински“ како дел од Креативниот центар Карпош има за цел да обезбеди услови за ваков ангажман на младите археолози и палеонтолози. Тој ќе се сосотои од постојана збирка на артефакти и реплики и од истражувачки кабинет во кој ќе се врши нивно проучување и документација.
Културната антропологија како наука во центарот на своето истражување го поставува човекот и неговата култура, сличностите и разликите меѓу луѓето, начинот на однесување и живеење. Самата наука дава одговор на прашањето како луѓето живеат, што мислат, во што веруваат, каков е нивниот однос кон околината и каква е интеракцијата со останатите луѓе. Суштината на антропогијата се сведува на едно единствено прашање, што значи да бидеш човек? Антопологијата не е врзана за одреден временски интервал, таму кајшто застанува археологијата и палентологијата, таа слободно може да продолжи со своите истражувања и да ги надополнува претходните две. Центарот за културно наследство ќе се обиде преку практични антропололошки истражувања (интервјуа, опсервации на терен, есеи, етнографски записи да ја доближи културната антропологија како наука до учениците.

Мисија

Целна група на Центарот за културно наследство се ученици кои имаат интерес и афинитет со проучување на историјата на културата, но и на живиот свет на ова поднебје. Учениците под менторство на своите наставници и под стручен надзор на реномирани стручњаци од одредени области. Својата цел центарот ќе ја реализира преку организација на семинари, трибини и работилници на кои учениците ќе се запознаваат со техники на истражување кои потоа би ги применувале во текот на теренските истражувања. Воедно еден дел од нив ќе можат да се вклучат и во изработка на реплики, што може да биде реализирано во соработка со центарот за ракотворби. Во својата дејност центарот ќе развива и соработка со соодветни јавни установи како што се Археолошкиот музеј, Етнолошкиот музеј, Природонаучниот музеј и т.н.

Просторни и технички претпоставки

Истражувачкиот кабинет на центарот ќе се наоѓа во кабинетот по ликовно образование кој се наоѓа во непосредна близина на училишната зграда како дел од фискултурната сала на училиштето. Во оваа просторија со површина од 50 м2, ќе се наоѓа и збирката на експонати. Центарот ќе располага со соодветен прибор за ископување, чистење и анализа на пронајдените експонати кои би се откривале на археолошките локалитети кои организирано би биле посетувани во договор со соодветни научни установи.

Стручен тим

– Проф. Наташа Јовковска
– М-р Билјана Милановска
– Доц. Д-р Мимоза Клековска
– Проф. Д-р Никос Чаусидис

ООУ “Војдан Чернодрински”