Вовед

Животинскиот свет отсекогаш бил привлечен за љубопитноста на човекот. Со оглед на релативно малата површина, нашата земја располага со извонредно богатство на животински свет. Целта на Центарот за зоологија како дел од Креативниот Центар Карпош кој функционира во рамките на ООУ „Лазо Трповски“ во населбата Карпош 3 е токму тоа, да се истражува, но во исто време и заштитува животинскиот свет во Македонија. Во овој центар е оформен Дом за мали животни за кои учениците – зоолози во соработка со Зоолошката градина – Скопје ќе водат организирана грижа. Освен одгледувањето на животните преку кое ќе се подигнува свеста и ќе се развиваат навики за обезбедување благосостојба на животните и хуман однос кон нив, во рамки на центарот ќе бидат реализирани проектни задачи поврзани со истражувањето на однесувањето, физиологијата, анатомија и патологијата на животните. Овие истражувања ќе бидат реализирани во истражувачката лабораторија која се наоѓа во кабинетот по биологија. Покрај домот за животни, во рамки на центарот во соработка со Природонаучниот музеј и Институтот за анимална биотехнологија при факултетот за земјоделски науки и храна ќе бидат поставени и збирки на препарирани животни и нивни скелети.

Мисија

Учениците заинтерсирани за истражување на животинскиот свет ќе бидат целна група на Центарот за зоологија. Младите зоолози ќе треба да послужат како пример за хумани млади луѓе со развиен осет за заштитување и водење организирана грижа за животните преку истражувања. Истражувањата ќе бидат реализирани преку теренски активности кои ќе имаат за цел совладување на определувањето (детерминацијата) на видови и понекогаш нивно обележување (прстенување). Во истражувачката лабораторија ќе се реализираат истражувања поврзани со градбата и функцијата на одредени органи кај животните, а во Домот за животни ќе бидат организирани и бихевиорални истражувања. Сите овие активности учениците ќе ги реализираат во соработка со своите наставници и младите аниматори од соодветни подрачја, а под будното око на реномирани стручњаци од тие области. За сите овие активности учениците ќе водат своја евиденција и општа евиденција за центарот што ќе биде основа за идно унапредување на неговата работа. Исто така, центарот ќе организира и посети на Домот за животни на заинтересирани граѓани од локалната заедница, но и за ученици од други училишта во општината и пошироко.

Просторни и технички претпоставки

Домот за животни ќе се наоѓа во изолиран дел од училиштето, а ќе биде подготвен и мал базен во внатрешноста на дворот во кој ќе се одгледуваат водени животни, кои во зимскиот период ќе бидат заштитетни. Во него примарно ќе бидат одгледувани мали рбетни и безрбетни животни. За работа Домот континуирано ќе треба да се обезбедува храна и препарати за здравствена заштита на животните. Зоолошката лабораторија ќе биде лоцирана во кабинетот по биолгија со површина од 50-ина м2 во непосредна близина на Домот за животни. Таа ќе биде опремена квалитетен микроскоп, бинокулар, сетови од препарати, како и соодветни инструменти за следење на физиолошко-биохемиски промени на испитуваните примероци. Во ходникот ќе биде поставена постојана изложба на препарирани животни и скелети од различни животни кои воедно ќе служат и како модели за проучување.

Стручен тим

– Проф. Јордан Милошески
– Доц. д-р Сњежана Тројачанец
– Д-р Методија Велевски

ООУ “Лазо Трповски”