Претседател на КЦК 
Александра Блажевска

Александра Блажевска – вработена во ООУ „Јан Амос Коменски“ како наставник по хемија. Дипломиран инженер по хемија и професор по хемија, кој постојано трага по нови иновативни начини на учење, особено учење преку истражување. Работи на Go-Lab платформата за учење преку истражување со користење на виртуелни лаборaтории.  Од март 2017 година е Scientix Амбасадор со што го промовира СТЕМ образованието на национално ниво.

Основач и координатор на КЦК 
Проф. Д-р Зоран Т. Поповски

Проф. Д-р Зоран Т. Поповски – редовен професор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје по биохемија, молекуларна биологија и генетско инженерство. Се усовршувал во Јапонија, Италија, Индија, Франција  и Германија, а предава на универзитети во САД, Шведска, Италија, Русија, Србија и Босна и Херцеговина.  Бил Советник во општина Карпош и од таа позиција го иницира формирањето на Креативниот центар Карпош.

Генерален секретар на КЦК
М-р Томе Несторовски

М-р Томе Несторовски – магистер по преработка на земјоделски производи и соработник на Факултетот за земјоделски науки и храна на Катедрата за биохемија и генетско инженерство. Бил еден од најдобрите студенти на факултетот и од самиот почеток на работа на Креативниот центар Карпош е вклучен во опремувањето на центрите и реализација на работилници од областа на контролата на храна, астрономијата, хемијата и ботаниката.