“It is COOL to be STEM 2”

Фестивал за промоција на природните науки

Споделување на добри практики од користењето на иновативни СТЕМ ресурси

Центарот за Екологија во ООУ „Јан Амос Коменски“ при Креативниот центар Карпош и оваа година организира фестивал за промоција на природните науки во рамки на европската кампања STEM Discovery Week 2019 22-28.04.2019.

Овогодинешниот фестивал е посветен на одбележувањето на 150 години од создавањето на Периодниот систем од страна на Менделеев. За таа цел ќе се одржат интердисциплинарни работилници поврзани со хемија.

Ден 1: Работилница „Хемиски игри во училиницата“ – место: Центар за екологија при ООУ Јан Амос Коменски, ученици од 9 одд. од десетте основни училишта од општина Карпош. Едукатор проф. д-р Марина Стојановска Институт за Хемија при Природно-математички факулет. Интерактивна работилница каде учениците преку хемиски игри „Хемиско домино“, „Хемиски покер“, „Џамлии“, „Мистериозна кутија“ и сл. ќе учат за јонска врска, валентност, составување на формули, својства на материјали и сл.

Ден 2: Работилница „Проблеми во пекарницата“ – место: Центaр за екологија при ООУ „Јан Амос Коменски“, ученици од 8 одд. од ООУ „Јан Амос Коменски“. Едукатор Александра Блажевска, наставник по хемија при ООУ „Јан Амос Коменски“. Работилницатa им овозможува на учениците да разберат како можат да решаваат проблеми од секојдневниот живот преку користење на знаењата стекнати на часовите по хемија. Тие се во улога на хемиски инжинери и потребно е да го решат проблемот кој го има менаџерот на една пекара, а е во врска со идентификацијата на супстанците кои ги користат во секојдневната работа.

Ден 3: Работилница „Хемикалии во печурки“ – место: Миколошка лабораторија и институт за Хемија при Природно-математички факултет, ученици од 8 одд. и 9 одд. Едукатори проф. д-р Катерина Русевска и проф. д-р Методија Најдовски. Работилницата овозможува учениците преку микроскопирање и практична работа со хемиски експерименти да утврдат кои хемиски супстанци се наоѓаат во нив и да ја решат мистеријата дека „печурките не се растенија“.