На ден 12.12.2023 година педесетина креативците од сите основни училиште од општина Карпош во две паралени работилници се обидуваа низ забава и со користење на своите знаење да „избегаат од просториите“.  Решаваа загатки и проблеми со примена на критичко размислување од областите на темите екологија и гасови. Видно ангажирани, заинтересирани и посветени на загатките учениците групирани во тимови соработуваа и се забавуваа, се бараше време повеќе за да останат и да ги завршат сите задачи. Една од најпопуларните друштвени игри за забава популарната Еscape Room, на виртуозен начин  им беше презентирана од страна на проф. д-р Марина Стојановска од Институтот за Хемија и проф. д-р Катерина Русевска од Институтот за биологија.  Со многу интересни загатки тие го привлекоа вниманието на младите креативци и ги мотивираа посветено и ангажирано да учествуваат во решавањето на истите. Учењето може да биде многу забавно кога популарните игри се адаптираат во служба на знаењето.