Дигитализацијата влезе низ врата, а вештачката интелегенција тропа на врата. И двата процеси предизвикуваат своевидна дехуманизација на општеството, ама како што велат старите „ако не можеш непријателот да го совладаш – тогаш придружи му се“, а ние само ќе додадеме „кога е толку моќен“. Така и ние во Креативниот центар Карпош се фативме во костец со новото време на вештачката интелегенција (Artificial  intelligence- AI) .

Имено, КЦК , грижејќи се за  професионалниот развој на наставниците на 27 ноември, 20-на наставника од сите основни училишта од Карпош учествуваа на работилница насловена како ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС. Работилницата ја водеше Александра Блажевска, наставник ментор и претседател на Креативниот центар Карпош. Наставниците на работилницата се запознаа со предизвиците и предностите на вештачката интелигенција и добија корисни совети за примена на мноштво нејзини алатки.

Така во текот на работилница наставниците ги истражуваа можностите кои ги нудат алатките на вештачка интелигенција (Artificial Intelligence – AI), како што се Canva- magic design, Curipod, Magic school и сл). Овие алатки овозможуваат креирање на наставни листови, тестови , рубрики, планови за час , презентации, постери и сл. При што создавањето на наставни средства е на  брз и креативен начин со што во голема мера се олеснува планирањето на наставата, а од друга страна ги подготвува наставниците за предизвиците на модерното образование, а со тоа се подготвуваат учениците за потребите  на пазарот на трудот во 21 век од најмала возраст. Се разбира, сето ова треба да е „дозирано“ и прилагодено на потребите на наставата која не смее да биде ни премногу оптеретена со овие достигнувања во доменот на вештачката интелегенција.

 

Како и секогаш, нашите наставници од општинските основни училишта од Карпош покажаа високо ниво на заинтересираност, но и во исто време на ентузијазам за примена на стекнатото искуство во секојдневната наставна пракса. Впрочем и фотографиите од овој настан најдобро го илустрираат кажаното.