Денес во училницата / лабораторијата по хемија во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1 се одржа настан кој во претставува револуционерен чекор напред во унапредувањето на практичната настава во училиштата чиј основач е општина Карпош.
Имено, Креативниот центар Карпош подготви, а градоначалникот на Карпош Јакимовски ги подели сетовите за експериментирање во наставата по хемија кои ќе ги користат учениците од сите десет училишта чиј во општина Карпош. Ова значи дека секој ученик од осмо и деветто одеделение во општина Карпош добар дел од теоретската настава по хемија ќе је комбинира со експерименти кои сам ќе ги изведува под менторство на својот наставник.
Ова е дел од годишната програма за работа на КЦК поддржана од општина Карпош која ќе продолжи со организација на 10-на работилници, истражувачки караван, обука на наставници и набавка на нова опрема за потребите на центрите во рамки на КЦК кои ги има во сите училишта на територија на општина Карпош
Креатор на овие сетови е д-р Методија Најдоски – професор по експериментална хемија на УКИМ, а на присутните наставници и директори на училиштата од Карпош им се обратија проф. Александра Блажевска – Претседател на КЦК и Акад. Зоран Т. Поповски – основач на КЦК.
ЕДНО Е ДА ЗНАЕШ – ДРУГО Е ДА УМЕЕШ!