Ова прекрасно априлско саботно претпладне, креативките вајаа во холот на библиотеката “Другарче” каде што функционира и Детскиот ликовен центар. Десетина мотивирани и инспирирани млади уметници под вајарската палка на академскиот скулптор Хари Манчев буквално се заборавија, па наместо во планираниот рок, тие буквално се занесоа во своето вајарско творештво и останаа многу подолго да се дружат со глинамолот. Сите со свои мотиви и инспирации, потпомогнати со соодветни слики и модели, создадоа мини-дела за кои чичко Хари им вети дека ќе ги вклучи во првата изложба која ќе ја организира Детскиот ликовен центар. Но, покрај тоа чичко Зоран заради нивната посветеност и талент им вети уште нешто. Имено, во текот на ликовната колонија во с. Љубанци на Скопска Црна Гора која традиционално се одржува во јуни, ќе биде организирана посета за сите учесници во оваа работилница. Тогаш овие млади уметници ќе се запознаат со ликовни уметници и вајари кои професионално се занимаваат со оваа дејност.

Како и да е, уште едно незаборавно искуство за младите креативки за што зборуваат и нинвите слики со делата. Се гледаме наскоро со нови содржини во КЦК.