Вообичаено, активностите на КЦК се одвиваат претпладне, но оваа саботна приквечерина КЦК беше угостен од нашиот долгогодишен аниматор и пријател, професорот Мето од Институтот за хемија при ПМФ. Тој е “виновникот” за најголем дел од визуелните и звучните пиротехнички ефекти на македонската филмска и театарска сцена. 
Епа вечерва, тој со креативците сподели дел од својот светлечко-пукачки репертоар користејќи најразличи материјали и направи. 
На почетокот тој во амфитеатарот ги запозна 21-от креативец со основите на пиротехниката демонстрирајќи експерименти во кои користеше барут и нитроцелулоза. 
Потоа се префрливме во неговата лабораторија во која под негов надзор сите креативци правеа светлечко-пукачки експерименти кои продолжија во ходникот.
Оваа спектакуларна ноќ заврши со мини-огномет на отворено кој креативците го набљудуваа од библиотекатата. 
Според нивните реакции се наметнува само еден заклучок – ноќ за паметење. 
Се гледаме наскоро!