ДОМАЌИНСКА РАБОТИЛНИЦА ВО КЦК

На 25.11 на гости во Креативниот Центар Карпош – КЦК беа искусните електро инженери, но и долгогодишни наставници Ефтим Пејовски и Ивица Шпољариќ. Целта на оваа посета беше организацијата на работилницата насловена како „Електричната инсталација во мојот дом“. А нашите ученици-креативци како и секогаш вредни и заинтересирани.
А содржината ептен домаќинска. Како се проектира електрична инсталација, како истата се поставува, какви електрични проблеми може да се јават во домаќинството, како може да се штеди електрична енергија се само дел од прашањата на кои нашите гости и креативците бараа одговори преку работа и искуствено учење. Ем интересно, ем корисно. Браво!