Изгледа дека само небото е граница за КЦК. Од недела во недела, од година во година нешто ново, нешто спектакуларно. Овој пат привилегија да бидат дел од нова магија беа 20-ина петтооделенци од основните училишта во Карпош. А темата беше – конструираме автомобили и се тркаме. Маестро Никола Делевски од Струмица беше диригент на овој спектакл во кој умните млади глави и вешти раце создаваа автомобили, менуваа делови и така ја зголемуваа брзината на своите креации. Зарем тоа не е возбудливо?

 

И уште една многу важна работа. Ова е првпат во КЦК во изминатите 9 години да имаме аниматор кој не од Карпош, а се покажа како полн погодок.

 

Сето ова се случуваше во Центарот за роботика и дизајн во ООУ “Братство”.

 

Ова мора да го повториме. До скоро видување!