Во Библиотеката „Другарче“ во чии рамки функционира Детскиот Ликовен Центар, денес на 27.06 во организација на Креативниот центар Карпош се одржа работилница со работен наслов „ТАЈНИТЕ НА ВАЈАРСТВОТО“. Клементина и Ана Марија од „Аврам Писевски“, Ана и Лидија од „Христијан Тодоровски Карпош“, Михаела од „Јан Амос КОменски“, Ања од „Лазо Трповски“ , Андреа од „Вера Циривири Трена“ и Ана од „Братстсво“ си „украдоа“ неколку саати од викендот за да навлезат во тајните на вајарството. Во тоа им помогна академскиот скулптор и сектретар на Детскиот ликовен центар – Хари Манчев, а во текот на работата креативките вообичаено ги „попречуваше“ во творештвото основачот на КЦК Зоран Поповски или едноставно чичко Зоки.
На почеетокот се одвиваше интересна дискусија за тоа што е вакјарство, од каде доаѓа тој збор, какви техники постојат во вајарството, неговиот историјат и многу други работи. Научивме дека зборот вајарство потекнува од зборот ВАЈА што значи скулптура или фигура. Исто така научивме дека за да се ваја, треба да се има идеја, да се направат скици за да самиот чин на творење оди организирано. Но, чичко Хари чија скуптура беше пред креативките додека работеа, објасни дека некогаш идејата за вајање доаѓа наеднаш, односно има експресионистичка заднина.
Потоа чичко Зоки им ја раскажа својата „вајарска“ приказна со која чичко Хари го „заразил“ додека траела пандемијата, при што тој својата професија – биологијата ја преточил во фигури од дрва. Креативките имаа можност да ги видат и овие аматерски творби.
После овие интересни муабети пропратени со видео презентација и слајдови поврзани со вајарството, младите вајарки се фрлија на работа и твореа на слободни теми. Некои од нив по претходни нацрти, а некои без нив создаваа прекрасни релјефни и тродимензионални скулптури. На крајот згрешивме што овие вајарски првенчиња не им ги оставивме на авторките, ама грешката наскоро ќе ја поправиме. Паѓа во очи фактот дека немаше ниеден ученик – учесник на работилницата и повторно неколку училишта не овозможија на свои ученици да земат учество на оваа одлично организирана работилница. На крајот се договоривме, во новата учебна година повторно да се дружиме.
Дека не претеруваме со суперлативите најубаво зборуаат самите творби.
Се гледаме повторно наскоро.