Сончевото саботно утро на 2.12, креативците решија да го поминат учејќи како се создава музика. А музика не е само она што то слушаме. Музиката е мнооогу повеќе од тоа. Музиката, ама онаа вистинската е и уметност и наука и иновација. Токму тоа денес го осознаа 10-ина креативци во студиото на нашиот познат и признат музички продуцент и композитор – Александар Масевски. Тој на еден само нему својствен суптилен начин им ја “раскажа” приказната за создавањето на евровизискиот хит Circle со кој нашата Андреа не’ претставуваше на евровизискиот фестивал во Торино. Музиката, текстот, аранжманот и сето тоа “спакувано” од продуцентот во финален производ беа темите за кои младите креативци разговараа со Масе.
Беше планирано да останеме таму два часа, ама прашањата со кои креативците го “бомбардираа” домаќинот кој трпеливо им ги откриваше тајните на производството на музика ги оставија креативците многу подолго. Покрај прашањата, тие со Масе ги споделија и своите музички искуства во компонирање, свирење и пеење, а една од нашите креативки не’ почести со својот прекрасен глас.
На крајот останува искрено да му се заблагодариме на нашиот Масе во надеж дека оваа дружба со него ќе продолжи и понатаму.