После неколку одложувања заради различни причини, 30-на креативци од КЦК придружувани од нивните наставници-ментори го посетија Едукативниот центар во с. Негреово, пехчевско. Супер идеја која во меѓувреме станала реалност. Далеку од урбаните гужви, во срцето на малешевијата се наоѓа ова гнездо за млади кои зрачат со љубопитност и љубов кон природата. А таму многу интересни содржини поврзани со живиот свет и неговата заштита. Оваа екскурзија во Негреово роди идеја КЦК да формира истражувачка станица на Водно.

На враќање од ова прекрасно доживување, креативците во Штип беа угостени од “Давка”, најпознатата компанија во Македонија која се занимава со дистрибуција на наставни и нагледни средства. Во магацините на “Давка” креативците и нивните ментори ги разгледаа најновите сетови за експериментирање кои наскоро ќе се “преселат” во КЦК. На крајот домаќинот и сопственик на “Давка”, чичко Сашо ги частеше гостите со штипски пастрмајлии. Е па, да си ни жив и здрав чичко Сашо. Се гледаме повторно. Сега ние те чекаме во КЦК.