Во периодот од 4ти до 7ми април 2024 година, Креативен Центар Карпош претставен од еден од основачите и воедно наставник ментор Дивна Карапанчева, беше дел од шестата ANN EX_YU регионална конференција под мотото Светот на образованието ги брише границите. На конференцијата на која беа присутни наставни кадри од сите бивши југословенски држави каде се промовираше Среќно учење.

Во склоп на конференцијата, КЦК беше дел од Саемот на образование каде ги промовираше своите иновативни практики на среќно учење и на својот интерактивен штанд покажа дел од атмосферата на нашите работилници. Дополнително, КЦК се претстави и на ,,Балканска зборница” каде помеѓу различните споделени искуства, се истакна со споделување на организациските искуствата на КЦК и со своите центри ,целосно го примами вниманието на присутните. Конференцијата продолжи и со доделување на титулата Najbolji nastavnik bivše Jugoslavije на нашиот претставник Дивна.

Оваа конференција всушност претставуваше можност да ги истакнеме и споделиме стекнатите искуства и знаења, да го претставиме нашиот начин на позитивно и среќно учење и да поттикнеме уште многу млади креативци кон истражувачка работа,при што се договорија вмрежувања и соработка со други учесници на конференцијата Бања Лука 2024.