Утрото на 09.03 во дворот на ООУ Вера Циривири Трена, креативците се собраа и запознавањето со склопените инструменти започна. Оваа прикаазна е дел од проектот Водно во Карпош – Карпош на Водно финасиран преку програмата за зелени општини на Македонското здружение на млади правници со средства од ЕУ.

Професорот Живко даде одлична презентација како инструментите функционираат и условите во кои тие можат да се користат. Штом се врзавме на интернет мерењата за статусот на воздухот станаа достапни за сите кои ќе се приклучат на мрежата и овозможија следење во живо на статусот на воздухот. Параметрите кои се снимаат се честичките PM 1, PM 2.5 i PM 10, како и јаглерод диоксд и збирот на штетни гасови – TVOC (total volitale organic compounds). Потоа следуваше посета на Водно со цел споредба на резултатите.

 

Денот беше убав и сончев со изразен ветер, и резултатите во Карпош и Водно беа во границите на прифатливост, со пониски вредности за загаденост на планината како и што е очекувано.