Убавото сончево претпладне на 27.12, младите креативци го поминаа Зоолошката градина на град Скопје каде се запознаваа со животинскиот свет кој се среќава на овие скопски региони дел од проектот ВОДНО ВО КАРПОШ – КАРПОШ НА ВОДНО. Овој проект, започнат на 20.09.2023 е имплементиран од Креативниот Центар Карпош, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.

Дваесет и петте ученици од Карпош ја посетија Зоолошка градина придружувани од неуморните наставнички и активистки во КЦК, Александра Блажевска и Дивна Карапанчева. Нив ги угости големиот пријател на КЦК и поранешен директор на Зоолошката градина во Скопје биологот Јорданчо Милошески, или едноставно чичко Јоцо.

Идејата беше креативците да направат паралела на фауната на Водно која ја истражуваа на една од претходните работилници со видови животни кои престојуваат во Зоолошката градина во Скопје, а во природни услови би живееле на омилената планина на Скопјани. Така ова интересно патување низ живеалиштата на Скопје Zoo беше пропратено и со интересни детали за животот на: мечките, лисиците, дивите свињи, срните, волците, чакалите, дивите зајаци, глодарите и неколкуте птици и влекачи кои може да се сретнат на Водно, а овде учениците ги гледаа во живо

Следна станица во новата година во ово смисол ќе ни биде Природо-научнио музеј во Скопје во кој има повеќе експонати на животни кои живеат на Водно.

Среќна нова година.

.