На 18 Ноември се одржа работилница за микроскопирање на флората во рамки на проектот ВОДНО ВО КАРПОШ – КАРПОШ НА ВОДНО. Овој проект, започнат на 20.09.2023 е имплементиран од Креативниот Центар Карпош, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.

 

Учесниците се запознаа од основната градба на растенијата како и функционирањето на микроскопите, кои овозможуваат да се запознаеме со овој скриен свет. Сите учесници беа вклучени во изготвување на сопствени препарати за микроскопирање како и дебата за истите.