На 5 октомври во просториите на ООУ “Јан Амос Коменски” беше одбележан Денот на учителот со плодна дебата на тема “Сајбер кариерни патеки за жени – Cyberpathways for women (CPW)“ на настанот се формира и работно тело од СТЕМ наставници, кое ќе има за задача да ги идентификуваат можностите кои им нудат на  СТЕМ наставниците по однос на оваа проблематика. Настанот се реализираше со логистичка подршка на Креативен Центар Карпош – КЦК

 Со оглед на фактот дека само два универзитети во Северна Македонија обезбедуваат дипломи за завршен степен за сајбер безбедност, земјата произведува недоволен број дипломирани студенти со вештини и знаења потребни како работна сила за сајбер-безбедност. Овој недостиг на квалификувани кандидати за сајбер работна сила се забележува во сите улоги и позиции во сајбер безбедноста низ Северна Македонија, се вели во извештајот направен од Меѓународен Универзитет Флорида (FIU). Програмата „Сајбер кариерни патеки за жени – Cyberpathways for women (CPW)“ помага да се идентификуваат и урнат бариерите што ги спречуваат жените да влезат во кариери за сајбер-безбедност.

“Сајбер кариерни патеки за жени” е регионална активност на #USAIDNMacedonia Програмата за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура (CIDR), која им помага на владините партнери да изградат отпорност против сајбер напади за критична инфраструктура како што се енергијата, телеком и е-услуги.

On 5 October, at the premises of OOU “Jan Amos Komenski”, the Teacher’s Day was marked with a fruitful debate on the topic “Cyber Pathways for Women (CPW)”.  During the event, the working group of STEM teachers was established, with the main task being to identify the opportunities offered to STEM teachers in relation to this problem. The event was conducted with the logistical support of Creative Center Karposh – KCK.

Only two universities in North Macedonia provide bachelor’s degrees in cybersecurity, the country produces insufficient number of graduates with the skills and knowledge needed to enter the cybersecurity workforce. This shortage of qualified cyber workforce candidates is noticeable for all cybersecurity roles and positions throughout North Macedonia, says the report done by Florida International University. Cyber Pathways for Women is helping to identify and break down the barriers that inhibit women from entering cybersecurity careers. Cyber Pathways for Women is a regional activity of the #USAIDNMacedonia Critical Infrastructure Digitalization and Resilience program, which is assisting partner governments to build resilience against cyberattacks for critical infrastructure such as energy, telecom, and e-services.