Денес на Институтот за хемија при Природно-математчкиот факултет во Скопје домаќин на младите креативци од КЦК беше проф. д-р Методија Најдоски или едноставно чичко Мето. Шеснаесет ученички и ученици од карпошевите училишта “влегоа” во Хемијата на гасови преку десетина експерименти кои сами ги изведуваа. Се создаваа ракетчиња, се правеа мешавини, а малку и се разговараше за кислородот, водородот, азотот и неговите оксиди. Се потсетивме каков е составот на воздухот и каква е улогата на гасовите кај живите организми. Којзнае, некоја од овие мудри глави ќе продолжи по патот на екаперименталната хемија. На крајот сакаме да му се заблагодариме на чичко Мето за убаво минатиот ден “играјќи” си со хемијата на гасовите.