Во петок на 13.10.2017 година се одржа посета на неолитската населба Тумба во населба Маџари. Посетителите имаа можност да добијат информации за нашето минато, и да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупното опипливо знаење за животот на луѓето во тој период. Кустосите од Археолошкиот музеј предводени од Елена Канзурова, ни ја отворија портата на еден сосема различен скриен свет, светот на нашите неолитски предци.