ЦЕНТАР ЗА РАКОТВОРБИ

 

Вовед

Една од клучните карактеристики на Македонија е нејзината традиција, особено традицијата во рачни изработки на предмети, облека, украси, предмети за домаќинство, храна и т.н. Со развојот на цивилизацијата и со интензивната индустријализација, ваквите  дејности за жал одумираат и покрај нивното огромно значење во одржувањето на идентитетот на граѓаните кои живеат во Република Македонија и особено на македонскиот народ. Во минатото, голем број наши претци заработувале и обезбедувале егзистенција на овој начин, но денес интересот за овие знаети е се помал и тие полека одумираат и покрај огромниот потенцијал кој го кријат во себе во смисол на вработување. Токму заради тоа во ООУ „Аврам Писевски“ во населбата Бардовци е формиран Центарот за ракотворби како дел од Креативниот центар Карпош.

Мисија
Овој центар има за цел да ги привлече учениците кои имаат афинитет или интерес да се занимаваат со изработка на ракотворби. На ваков начин овие млади креативци ќе ја одржуваат вековната традиција на некои од занаетите кои егзистирале на овие простори. При тоа учениците-ракотворци ќе изработуваат украси, резби, делови од облека, некои видови колачи од најразлични материјали, а тајните на овие занаети ќе ги откриваат преку соработка со лица кои професионално или од хоби се занимаваат со ваква дејност. Воедно, во овие активности ќе бидат вклучени и наставници од ликовно образование, но и некои други наставници кои од хоби се занимаваат со вакви активности. Дејноста на центарот ќе се реализира преку организација на работилници за изработка на предмети од дрво, глина, текстил, метал, понатаму од прехранбени намирници или од различни други видови рециклиран материјал (пластика, стакло, старо железо и т.н). По завршување на овие работилници ќе бидат организирани и разни манифестации, некои и од хуманитарен карактер на кои ќе се презентираат и продаваат вакви изработки, а дел од стреедствата ќе бидат искористени за хуманирани цели. Исто така, активистите од центарот ќе посетуваат и различни колонии и установи кои се занимаваат со оваа проблематика и со кои ќе воспоставуваат различни облици на соработка, како што се Етнолошкиот музеј, Керамичката колнија, Детскиот ликовен центар и др.

Просторни и технички претпоставки
Центарот ќе функционира во рамки на кабинетот за ликовно при ООУ „Аврам Писевски“, а по потреба ќе може да ги користи и капацитетите на Детскиот ликовен центар кој се наоѓа во просториите на Кинотеката на Македонија. Тој ќе располага со соодветни алатки и прибор за обработка на дрво, метал, глина и други материјали кои постоијано и во доволни количини ќе бидат обезбедувани за потребите на младите ракотворци.

 

Човечки ресурси

  • Весна Апостоловска
  • Снежана Станоевиќ
  • Станка Димитрова
  • Маријана Стојковска
  • Весна Зафировска
  • Жане Хоа Ангелчиња
  • Харлампие Манчев