ЦЕНТАР ЗА ХРАНА

Вовед
Храната е тема која отсекогаш, а и во иднина постојано ќе го преокупира човековото внимание заради нејзината неопходност за опстанок на луѓето. Производството на храна е еден од главните предизвици пред кои е исправена човечката цивилизација заради тоа што потребата од храна постојано се зголемува. Од друга страна не помалку значаен предизвик е производството на здрава храна од што зависи здравјето и благосостојбата на оваа, но и на идните генерации. Една од најзначајните производствени гранки во Македонија е токму производството на храна. Затоа во рамки на Креативниот центар Карпош е формиран Центар за храна кој е лоциран во ООУ „Вера Циривири – Трена“ во населбата Карпош 2. Тој се состои од два дела и тоа Пластеник за производство на здрава храна и Лабораторија за контрола на храна.

 

Мисија
Овој центар има за цел да ги анимира учениците кои пројавуваат интерес за биолошките основи на производството на храна, како и за хемиските основи за контрола на произведената храна. При тоа во пластеникот, учениците во соработка со наставниците и надворешните соработници ќе бидат вклучени во целиот процес на производство на храна од раситетлно потекло, почнувајќи од избор на семе, засадување, одгледување, заштита и конечно собирање на произведената храна. При тоа ќе се води прецизна евиденција за секоја постапка која е превезмена во рамки на производството, а воедно ќе се поставуваат и соодветни експерименти при што ќе се менуваат одредени услови при изборот и одгледувањето (различен саден материјал, различен режим на наводнување, различни видови ѓубрење, различна примена на заштитни препарати и т.н.). Во лабораторијата учениците под надзор на своите наставници и надворешните соработници ќе вршат поедноставни анализи на некои компоненти кои се наоѓаат во произведената храна. Во тоа би спаѓале некои витамини, минерали, шеќери, масти, белковини и вода, додека посложените анализи (пестициди, афлатоскини, ГМО и др.) би се спроведувале во партнерски лаборатории во кои учениците со своите наставници би ги носеле мострите и би го набљудувале процесот на нивната анализа. Воедно, учениците ќе бидат запознаени со системот за контрола на храна преку посета на соодветни државни тела кои се занимаваат со оваа проблематика.

 

Просторни и технички претпоставки
Пластеникот ќе биде со површина од 50 м2 и во него ќе бидат определени посебни сегменти за производство на различни земјоделски култури. За работа во пластеникот ќе биде неопходно да се набават алатки за работа и тоа: мотики, гребла, ашови, прскалки и друго. Освен алатки, во пластеникот ќе биде поставен систем за наводнување капка по капка и ќе биде набавен еден мал мотокултиватор како вид на прирачна замјоделска механизација. Лабораторијата за контрола на храна ќе биде лоцирана во просторија со површина од 30-ина м2. Освен со соодветен лабораториски намештај, таа ќе биде опремена со вага, сушница, рН метар, центрифуга, мешалка, бирети, колориметар и соодветна стакларија (спецификација).

 

Човечки ресурси

  • Проф. Дивна Карапанчева
  • Проф. Весна Ѓорѓиевска
  • Проф. Д-р Зоран Т. Поповски
  • М-р Томе Несторовски
  • Дипл. инж. Слободан Кираџиевски