ЦЕНТАР ЗА КОСМОЛОГИЈА  

 

Вовед

Вселената со сета своја неограниченост и мистичност отсекогаш претставувала своевиден магнет на човекот за нејзино проучување, а некогаш и шпекулирање. Заради недостапност на соодветна техничка опрема, но и заради не постоење на соодветно искуство младите кои се заинтересирани за оваа проблематика, ретко имаат можност да се занимаваат со истата. Заради тоа во ООУ „Хриистијан Тодоровски – Карпош“ во населбата карпош 1 е формиран Центарот за космологија како интегрален дел од Креативниот центар Карпош. Тој ќе се состои од еден пулт за набљудување на вселената кој со тек на време треба да прерасне во мини-планетариум и од еден кабинет во кој ќе се изработуваат модели и мапи на космички тела.

 

Мисија
Овој центар има за цел да создаде услови за проучување на космосот од страна на ученици кои можеме слободно да ги наречеме млади астрономи. Својот интерес овие млади луѓе ќе го задоволуваат преку соодветни обуки и трибини, а подоцна и со систематско набљудување на вселената. При тоа, овој центар ќе соработува со сродни установи, но и невладини организации кои се занимаавт со оваа проблематика.

 

Просторни и технички претпоставки
Истражувачкиот кабинет на центарот ќе се наоѓа во посебна подрумска во која ќе се наоѓаат телескопите и другите инструменти кои се неопходни за работа на центарот, а во него ќе се изготвуваат и моделите и вселенските мапи од страна на младите астрономи.

 

Стручен тим

  • Проф. Христина Борисова
  • Проф. Д-р Оливер Зајков
  • М-р Томе Несторовски
  • Игор Димовски