Основачот на КЦК прв член на Европска Академија од Македонија

На 1-ви септември престижната Европска Академија (Academia Europea, Academy of Europe) го доби својот прв научник од нашата држава. Станува збор за професорот Зоран Т. Поповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

https://www.ae-info.org/ae/Member/Popovski_Zoran

Academia Europea (Academy of Europe – АЕ) e паневропска асоцијација на научници од земјите – членки на Советот на Европа основана во 1988 година со седиште во Лондон. Во неа активно членуваат околу 3800 научници, од кои скоро една третина се од земји надвор од Европа и тоа воглавно од: САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Канада, Австралија и др. Во моментот, членови на АЕ се и 72 добитници на Нобеловата награда. Од земјите во регионот, Словенија има  18 членови, Србија 16, Хрватска 15, а Босна и Херцеговина и Црна Гора по еден.

Единствениот македонски член на Европската академија проф. д-р Зоран Поповски досега има објавено над 120 научни и стручни трудови претежно во меѓународни списанија, а како поканет или воведен предавач учествувал на над 30 меѓународни научни собири.

Професорот Поповски кој освен на Факултетот за земјоделски науки и храна каде што е вработен, предава/л и на Технолошко-металуршкиот факултет, Природно-математичкиот и Фармацевтскиот факултет на УКИМ. Освен на УКИМ, д-р Зоран Т. Поповски е визитинг професор на Државниот универзитет Охајо во САД, Лунд Универзитетот во Шведска, Туша Универзитетот во Италија, Новосибирскиот државен земјоделски универзитет во Русија и Универзитетот во Сараево во Босна и Херцеговина.

Својот научен пат го започнал уште како студент со организирање на истражувачки кампови, а првиот научен ангажман пред 30 години го имал во Центарот за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ. Бил член на Научниот комитет на НАТО, а од 2017 година е член на Одборот на директори на СОЅТ која е најголема научна мрежа во Европа. како прв претставник надвор од ЕУ,

И најважно за нас е што, нашиот професор Зоран Поповски, или чичко Зоки како што го викаат младите членови/креативци од КЦК е основач на Креативниот центар Карпош на што сме особено горди.