При крајот на оваа учебна година, КЦК беше на гости во ПОУ Јахја Кемал каде што проф. Методија Најдоски пред повеќе од 20-ина креативци правеше хемиско-физички магии. Работилницата беше интерактивна и во неа учествуваа ученици од училиштата во Карпош и неколку ученици од домаќинското училиште.
Ротирачки, сите реализираа по 13 експерименти и тоа:
1. Јаглерод диоксидот не го поддржува горењето
2. Топ со јаглерод диоксид
3. Облак во шише
4. Декартов нуркач
5. Паричка на површина од вода
6. Чамец на погон од течен детергент
7. Флуоресценција на раствори
8. Фосфоресценција на прашкасти материи
9. Раздвојување на бои од мастило
10. Волшебно стапче
11. Реакција со варова вода
12. Хемиски сталагмит
13. Грмлив гас
Сликите во продолжение покажуваат со каков ентузијазам истржуваа идните научници.
Голема благодарност до домаќинот во надеж дека оваа соработка меѓу КЦК и ПОУ Јахја Кемал ќе продолжи и ќе се развива.
