КЦК ја продолжува својата мисија во обезбедување услови за занимавање на заинтересираните ученици со истражувачка и креативна работа.
Така на 27.04 во стаклената градина на ООУ ” Вера Циривири Трена” под менторство на проф. Дивна Карапанчева се организираше работилница поврзана со размножување на растенијата во услови на климатски промени и намалување на јаглеродниот отпечаток. 15-тина креативки од неколку училишта во Карпош садеа и расадуваа магдонос, краставици, авокадо, правеа разлика меѓу полово и бесполово размножување, креираа самонаводнувачки саксии кои ги украсуваа ,ги насадија и на крај си ги земаа дома.
Со цел спречување на климатските промени, како последна тема на работилницата се зборуваше за компостирање. Учениците ги украсуваа компостерите во училишниот двор и ги научија чекорите како да компостираат дома.
Како и секогаш не недостигаше ентузијазам, љубопитност и дружба.
Заради немањето поддршка, бројот на работилниците е намален и се реализира волонтерски, но КЦК како и досега не наплатува ништо од учесниците.
КЦК ја продолжува својата мисија.