Денес дедо Палавко и дедо Магија во детска градинка приредија магии за сетилата на триесетина ангелчиња кои се радуваа на секој наш експеримент. А ги имаше бааги, преку 20-ина.
Во овој период во градинките дечињата се запознаваат со сетилата за: вид, слух, мирис, вкус и допир па КЦК направи магии со кои дечињата требаше да ги употребат своите сетила.
За видот уживаа во различни обоени реакции, флуоресценции, духот од аладиновата ламба, горењето на книгата со лоши магии, создавањето ѕвездички, борбата на витамините со вирусите и бактериите и т.н.
Со свите носиња дечињата разликуваа мириси на парфеми, на расипано јајце, на ванила, на овошје…
Со прстињата направија разлика меѓу мазно стакло и рапава руда од која се прави стакло.
Со сетилата за слух слушаа како се истура звукот од цевката во чашата, како пукаа топовите и како се отвори магичниот сандак.
А за сетилата за вкус направивме разлика меѓу лута пиперка, слатко чоколадо, кисел лимон, горчливи маслинки и сол.
И така час и половина поминаа како за миг. А како поминаа уверете се преку нашата галерија.
На крајот по бурниот детски аплауз падна и договорот. СЕ ГЛЕДАМЕ ПАК🥳
