Денес креативките имаа ретка и извонредна можност да учествуваат на работилницата ВО СВЕТОТ НА БАЛЕТОТ, а домаќин им беше професорката и балерина Билјана Масевска, или едноставно Биба во своето балетско студио во Тафталиџе 2. По кратката приказна за историјатот на балетот, Биба ги опиша балетските реквизити, ги демонстрираше основните елементи и кратко ги раскажа најпознатите балети низ игра и емоција. Биба не заборави да им укаже на 15-те креативки дека балетот е прекрасна и макотрпна уметност и бара целосна посветеност. Во текот на работилницата низ разговор со  креативките беше направена споредба меѓу класичниот и модерниот балет, а Биба одговараше и на бројните прашања.

Во текот на работилницата имаше и демонстрација на некои балетски елементи, а на крајот си ветивме дека мора да има уште една работилница на која ќе има и малку вежбање. Изразуваме огромна благодарност кон професорката Билјана Масевска на гостопримството и незаборавните впечатоци од денешната работилница. Одиме понатаму!