Учебната година утре завршува, а со денешното дружење со вселената се заокружува и овој циклус работилници на КЦК.
Покрај 20-ната пријавени креативки/ци од 10-те училишта од општина Карпош на оваа дружба им се придружија и многу други дечиња во кругот на училиштето Х. Т. Карпош. Толку беа среќни што неочекувано учествуваа во ова набљудување на вселената. За овие мотивирани деца, КЦК обезбеди два телескопи со кои ракуваа можеби најдобриот астроном во Македонија – Радан Митровиќ и неговиот денешен соработник Томе Несторовски.
Фокусот прво беше на Месечината која се подготвуваше од утре да стане полна, а потоа се префрливме на неколкуте ѕвезди кои со малку мака ги направивме видливи.
Во муабетите кои се водеа во текот на оваа вселенска дружба на теми: Месечина, ѕвезди, комети, астероиди, облаци…, учествуваа и претседателката на КЦК Александра Блажевска и основачот на КЦК, Зоран Поповски.
Се гледаме во септември кога ќе ја обележуваме 10 годишнината од основањето на КЦК. Довидување !