На 19 октомври 2024 година, во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош, Скопје, се одржа работилница на тема „Да ги запознаеме отровните растенија“, организирана од КЦК. Работилницата беше водена од  д-р Елизабета Мискоска-Милевска, професор по ботаника при ФЗНХ – Скопје, а како  модератори на настанот беа наставничката Олгица Бајалџиева и Дивна Карапанчева (наставници по биологија), кои помогна во координацијата на активностите. Професорката Мискоска-Милевска објасни различни видови отровни растенија, нивните карактеристики, и ги акцентираше ризиците кои тие ги носат. Презентацијата вклучуваше богати визуелни материјали и примери од секојдневниот живот, што им помогна на учесниците полесно да ги разберат темите. Освен тоа, таа ја истакна важноста на препознавањето на овие растенија во природата, како и симптомите на интоксикација, што е од особено значење за здравјето на луѓето и домашните миленици. По секој сегмент од презентацијата, учесниците беа охрабрени да поставуваат прашања и да споделуваат свои искуства, што доведе до дискусија. Оваа интерактивна компонента создаде атмосфера на соработка и размена на информации, што значително ја обогати работилницата.

По завршувањето на презентацијата, учениците преку хербаризиран материјал се запознаа со некои растенија кои живеат во нашето поднебје. Оваа работилница не само што ги образува учесниците, туку и ја зголеми свеста за важноста на познавањето на отровните растенија и за превенцијата на потенцијалните опасности. Работилницата „Да ги запознаеме отровните растенија“ успешно допринесе за развој на свеста и знаењето во областа на ботаниката, за што сведочат задоволството и позитивните реакции на учениците.