По завршувањето на учебната година во училиштата, КЦК своите активности ги насочи кон најмладите жители на општина Карпош. Така на 25 јуни  во градинките Распеана младост во Карпош 1 и Виножито во Бардовци, 60-ина дечиња учествуваа во работилниците посветени на опасностите од отровните растенија и на витаминот Ц, како заштитник на детското здравје. Професорката Бети од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на дечињата им покажа десетина растенија кои многу често ги има во домовите и дворовите, а кои се многу отровни. При тоа таа ги предупреди децата како да се однесуваат кон овие растенија и како да се заштитат од нив. Умните главчиња ги препознаваа бршленот, сансеверијата, филадендронот , фикусот и многу други кои имаа можност и да ги видат во живо. Секое детенце доби и боенка со содржина од денешната работилница, а на градинките им беа оставени соодветни постери.

На втората работилница професорот Зоки ги запозна најмладите креативци со значењето на витаминот Ц во борбата против болестите, а потоа заедно со нив направи еден експеримент преку кој дечињата се уверија во дејството на овој витамин кој најмногу го има во свежото овошје и зеленчук.

С’е на се, едно незаборавно дружење со овие прекрасни дечиња и нивните учителки. Се гледаме наесен.