Во последниот ден од ноември се одржа работилница на тема “Различни техники во сликарството и вајарството”. Работилницата се одржа во просториите на Детскиот ликовен центар кој се наоѓа во Библиотеката “Другарче”. Организатори на работилницата беа секретарот на ДЛЦ – Хари Манчев и ликовниот педагог Даниела Илиевска – Стојчева.
На работилницата твореа 14 креативци од 6 основни училишта од Карпош и една ученичка од гимназијата “Георги Димитров”.
На почетокот основачот на КЦК, Зоран Поповски сподели со присутните некои импресии и слики на Пикасо, Дали и други уметници од посетата на музејот во Мадрид.
Во текот на работилницата младите уметници под менторство на Хари и Даниела користеа различни техники и тоа: моделирање во глина, бои во скулптурите, сенчање со молив, гваш и темпера.
Нивните дела покажуваат дека сите имаат дарба за уметност, а можеби некои од нив ќе тргнат во животот по сликарски или вајарски пат.
Одиме понатаму!
