На 4ти Декември се одржа седмото издание на Годишниот Форум за Управување со Интернетот во Македонија, во склоп на иницијатива од Обединатите Нации IGF – Internet Governance Forum. На форумот како панелистка учествуваше претседателката на КЦК Александра Блажевска, која воедно е и CPTF координатор заедно со Елка Даскалова експерт за наставни програми и Лилјана Пецова Илиеска менаџер на CPW. Панелистките укажаа на важноста и потребата од вештини и компетенции на наставниците и учениците за сајбер безбедност и ги најавија идните планови на програмата Сајбер патеки за жени која се спроведува во рамки на проектот CIDR при #DAI Global а поддржан од #УСАИД Македонија. Дел идните планови се подготовка на материјали за учење за ученици, прирачник за реализација на теми од сајбер безбедност за наставници како и менторска програма за наставници за стекнување на вештини и компетенции за сајбер безбедност.
Воедно со учеството на форумот започнува и Winter Cyber school како една од активностите во рамки на „Сајбер патеки за жени“ која ќе трае од 1 декември 2024 до 15 февруари 2025. Во рамки на зимската сајбер школа, средношколци од средните училишта од Скопје ќе имаат можност одблиску да се запознаат со компании и институции кои се поврзани со сајбер безбедноста. Со овие посети ќе им се овозможи подобро запознавање со професии од оваа област, преку непосредно искуство и директна комуникација со професионалци од оваа област.
