На 05.10.2024, Кретивците повторно се собраа за да се запознаат со волшебната хемија на храната. По запознавање со лабораториската опрема и прибор, како и безбедното изведување на експериментите, Креативците се занимаваа со проблемите на безбедност на храната и водата. Серијата на експерименти беше успешно реализирана а учесниците се запознаа со главните хемиски загадувачи на водата и начините на нивно откривање, како и специфичните реакции на шеќерите и јаглехидратите во храната.
До следното видување, КЦК продолжува напред со полна пареа!

